Пензионерите од Флорида, Џенин (91) и Дон Сандрин (91) се венчале бидејќи сакале да ја ‘легализираат’ нивната љубов среде пандемија, имајќи предвид дека тоа е важно ако некој од нив двајца сепак мора да оди во болница поради коронавирусот.
Парот се венчал за Велигден, бидејќи било време да ја поткренат врската на повисоко ниво, пренесуваат локалните медиуми.
„Имаме едноставна врска, имаме исти приказни. Живеевме во исто време и затоа се одлучивме на овој голем чекор пред неколку недели. Поради околностите кои се случуваат во општеството, сметавме дека треба да го официјализираме односот, за да бидеме заштитени“, рекла Џенин.
Прстените ги купиле преку интернет, организирале венчавка во нивниот двор, односно на плажа во Санкт Петербург.
Листата со гости била мала, но поканите ги испратиле преку мејл на повеќе од 200 адреси, со нивниот заедничи хит од мјузиклот од 1956-та, „Одведи ме навреме до олтарот“.
Парот рекол дека има заеднички смисол за хумор, заедничко воспитување и дека двајцата се вдовци.
На Џенин, кој првиот сопруг ѝ починал во 1970-та година, на церемонијата ѝ се придружил еден од нејзините тројца синови, додека Дон имал роднина покрај себе.
„Кога ја започнавме врската во јули минатата година, ѝ реков на Џенин дека не знам колку денови имаме, но го имаме овој ден“, рекол Дон.