Рускиот бизнисмен за алуминиум, Олег Дерипаска, и помага на „најосамената жена во светот“ Агафија Ликова (76), која живее сама во сибирската пустина.
Според руските медиуми, Дерипаска решил да и помогне на Агафјиа, па и испратил работи за кујна, постелнина и храна, а сето тоа со хеликоптер и го доставил неговиот асистент. Друг човек и помага на Агафја да ја обработува земјата, далеку во тајгата каде што живее.
Според претставниците на Дерипаска, тајкунот и помага на оваа жена веќе некое време.
Покрај тоа, Николај, син на геологот Ерофеј Седов, ќе и биде асистент на Агафја. Седов бил нејзин сосед многу години, но починал во мај 2015 година. Овој геолог беше меѓу првите што го откри семејството Ликов во 1978 година.
Имено, Агафија е единствениот преживеан претставник од семејството кое побегнало во шумата во Сибир во 1936 година, со цел да го избегне верскиот прогон под водство на Јосиф Сталин.
Поголемиот дел од својот живот го поминала како земјоделец од 18 век, одгледувајќи сопствена храна, не живеејќи во модерни удобности и се држела до Библијата.
Сепак, како што минувале годините, куќата изградена од таткото и браќата се урнала, а во тој дел од земјата температурата може да биде и до -50 степени Целзиусови, па затоа е многу важно да се зачува здравјето на 76-годишната жена, пренесува „Дејли меил“ .
Нејзините браќа и сестра починале во 1981. година, а нејзиниот татко починал во 1988. година. Мајката починала пред да биде откриена нивната локација.
Денес Агафија ќе има можност да добие нов дом, бидејќи Дерипаска решил да и помогне. Градежниот материјал е веќе доставен и започнала изградбата на новиот дом. Куќата најпрво е изградена во градот Абакан, потоа расклопувана и однесена на планините Сајан, каде треба да се заврши следната година.
Таа одбива да се пресели во град или населено место, а најблиското е на повеќе од 240 километри од живописната планина на која живеела целиот свој живот.
„Сите сме крајно внимателни кога ја посетуваме Агафиа“, рекол локалниот службеник Александар, кој повремено патувал кај оваа жена, со години за да провери дали е здрава.
Посебно внимание се посветувало Агафија случајно да не се зарази со короната.
Семејството на Агафија, членови на православната секта на стари верници, живееле со децении во Сибир, потполно незабележани од советските власти. Ликова немала контакт со надворешниот свет во првите 35 години од нивниот живот. Информациите за светот ги добила од приказните на нејзиниот татко и од Библијата.
Откриени се во 70-тите години на минатиот век кога група советски геолози прелетале над областа со хеликоптер и случајно виделе куќа и обработена земја во ридското подрачје. Тогаш семејството станало национален феномен.
Руските стари верници се одвоиле од Православната црква во 1666 година по протестите за реформите. Старите верски заедници избегале од империјалниот и советскиот прогон длабоко во сибирската тајга и на други места низ светот, вклучително и Северна и Јужна Америка, како и Австралија и Нов Зеланд.
Многумина започнале да се враќаат во Русија во последните неколку години како дел од новата програма за враќање од странство која им помага на сонародниците во странство да се преселат на територијата на рускиотДалечен Исток.