34-годишната Американка Марла МекЕнтајр не знаела дека е бремена и го родила своето бебенце додека била во тоалетот.
Таа мислела дека болките во стомакот ѝ се предизвикани од запек, па пред да се породи, неколкупати го посетувала тоалетот. Додека била на вц школката, на нејзино големо изненадување ѝ се родило синчето Атлас.
„Погледнав надолу во ВЦ школката и тој беше таму со вода до ушите, веднаш под брадата. Ме гледаше како да ми вели ‘Мамо, ќе ме извадиш ли од овде?’“ – раскажала Марла.
За време на бременоста, Марла немала видливо трудничко стомаче и тежела 72 килограми, па воопшто не се сомневала дека во неа расте нов живот.
„Изгледав како да имам изедено големо бурито. Неверојатно е како можеше да биде таму, а јас да не знам за тоа“ – рекла таа.
Марла се посомневала дека е бремена во август минатата година, кога всушност била во третиот месец од бременоста. Но, тестот за бременост ѝ испаднал негативен, па ја исклучила можноста дека е во блажена состојба.
„Не почувствував ниту едно мрдање – не почувствував ништо“ – дополнила новата мајка.
Еден месец пред породувањето, таа почувствувала болки во карлицата, за што направила неколку лекарски консулатации, но никој не се посомневал дека носи бебе.
МекЕнтајр за контрацепција користела таблети и само еден месец ѝ прескокнал менструалниот циклус, па токму затоа упорно ја исклучувала можноста за евентуална бременост.
Ноќта на породувањето, со неа дома бил нејзиниот татко. Бебенцето се родило 30-тина минути пред неговиот роденден.