Лидерот на партијата Глас за Македонија, Солза Грчева демантираше дека боледува од паркинсонова болест. На почетокот од емисијата “Во Центар“, Васко Ефтов директно ја праша за нејзиниот здравствен проблем, бидејќи очигледно и забележително е дека има тремор во рацете и главата. Притоа, Ефтов ја праша дали се работи Паркинс.
Грчева му одговори дека направила детални контроли и тие покажале дека не станува збор за паркинсонова болест, туку за некоја стара спортска повреда или за некаква нус појава на операција на слепо црево.
-Бев кај најдобриот стручњак во Белград, кој ми рече дека немам Паркинс, туку, најверојатно се работи за затегнат мускул на едната страна од вратот, бидејќи сум поранешен спортист, поранешна ракометарка, – рече Грчева и додаде:
Јас одам на терапија во Белград, бидејќи тука кај нас ја нема таа терапија. Сега заради ковидот прескокнав четири терапии и поради тоа можеби прогресира состојбата, но сега почнав да одам на терапии и се надевам на решавање на проблемот.
извор: vocentar.com