На Ибица постои хотел со соба во која гостите можат да преспијат бесплатно, но има еден услов. Веднаш штом ќе ја видите собата ќе сфатите кој е условот. Ако се одлучите да преспиете во оваа соба сите ќе Ве можат да ве видат бидејќи ѕидовите се направени од стакло, а се наоѓа токму во фоајето на хотелот.
Апартманот наречен „Зеро апартман“ во хотелот „Парадизо Арт“, според управата на хотелот „не е погоден за срамежливите“, бидејќи се работи за просторија затворена со проѕирни ѕидови.
Исто така апартманот се наоѓа во лобито на хотелот, што значи дека најверојатно ќе има доста гужва и времето за спиење.
Позитивната страна е што гостите ништо не треба да платат за престојот во чудниот апартман, што веднаш прави работите да звучат попримамливо.