Не е дозволено фотографирање на матуранти и полуматуранти за табло во Велес. Ова е препораката која Министерството за образование ја испратило до Општина Велес а таа ја пренела до директорите на средните и основни училишта во Велес – објави порталот тирековмирече.
Реакцијата доаѓа откако одредени фото студија од градот, ги повикуваат самоиницијативно учениците од завршните одделенија да се фотографираат, без никаква организираност со училиштата, каде настава посетуваат учениците.
Градоначалник на Велес, Аце Коцевски побарал од матурантите да се стрпат за да се создадат услови во јули или август да се изврши фотографирањето.
извор: тирековмирече