Познато е дека претходно принцот Чарлс го етикетираа како досаден лик кој на јавноста не и беше толку омилен, а денес е еден од омилените членови на британското кралско семејство.
Според мислењето на јавноста најзаслужна за неговата трансформација е всушност неговата сопруга Камила Паркер-Бовлс.
Како што напиша Пени Џуниот, која е заслужна за многу кралски биографии, принцот Чарлс претходно беше мрзоволен, и дека војвотката од Корнвал го променила во личност каква што е денес. Таа смета дека принцот е подготвен за шега, но и преполн е со самодоверба, каков што треба да биде идниот крал.
– Она што го забележав е дека во изминатите години навистина се промени. Беше вечно мрзоволен, сериозен и не се смееше претерано. Камила го извлече од таа состојба и во целост го трансформираше. Денес е многу посреќен човек и задоволен маж, преполн со самодоверба.
Тоа е прекрасно да се види, изјави Пени за магазинот „Hello“.
https://www.instagram.com/p/B6JbPcSHMlT/?utm_source=ig_web_button_share_sheet