Синоќа во салата А1 под мотото „Нема правда има Бубамара“ се одржа 23-тото издание на долгоочекуваната манифестација Златна Бубамара на популарноста на која Сашко Коцев повторно беше задолжен за хумор. Својот настап тој го отвори со песна за Рекет алудирајќи на бомбите поврзани со Боки 13 и случајот „Рекет“. Сашко не поштеди никого, па се шегува и на сметка на експремиерот Заев.
„Е сине, тоа е педер… Ама, нека ми прости ЛГБТ заедницата…“ коментира тој.
Сашко , се осврна и на загадениот воздух.
„Јас не ни дишам“, вели Сашко „Само насабајле, понекогаш по малку и навечер“. „Не се расфрлајте многу со дишење. Не дишете дури ни за секс, зошто загадено е – рече тој.
Инаку, „Песна за век и векови“ доби Џина Папас Џокси за неговиот евергрин „На Велигден“. Пејачка на годината е Тамара Тодевска а хит на годината е евовизиската песна „Прауд“. За спортски подвиг награда доби алпинистката Илина Арсова за искачувањето на врвот Винсон на Антарктикот. Наградата за трајни музички вредности ја доби белградскиот рок-бенд „Електрични оргазам“ . Златна Бубамара за театарска претстава доби „Мој термин“, продукција на МНТ. Театарски актер на годината е Јордан Симонов, а актерка на годината Тања Кочовска.
Хрватската ѕвезда Јелена Розга е прогласена за регионална пејачка за 2019, додека Раде Шербеџија е овогодишен добитник на Интернационална награда за животно дело. Златна Бубамара за најголем интернационален успех доби тимот на документарецот „Медена земја“, а вистинска еуфорија во салата предизвикува појавата на Атиџе Мустафова, хероината на филмот.
Ракометниот клуб „Вардар“ минатата година повторно стана европски првак на јубилејното десетто издание на Лигата на шампионите. Спортскиот успех на „Вардар“, онака како што го најавуваа при преносите од Лигата на шампионите, го најавија коментаторите на „Спорт арена“ Стеван Стевановиќ и Сретен Рашковиќ. Серијата „Преспав“ и во оваа година е добитник на Златна Бубамара за најпопуларен ТВ Проект. Наградата за трајни музички вредности во рок-музиката на Ристо Вртев, доби вокалист на групата „Архангел“. Тања Алексиќ ја додели наградата за трајни музички вредности на нишката група „Галија“. За пејач на годината Златна Бубамара доби Влатко Лозановски – Лозано.
Фото: Фејсбук профил Златна бубамара на популарноста