Дали оваа години летувањето ќе трае еден месец, односно две недели на море и две недели во карантин? Ова прашање си го поставуваат сите оние кои веќе уплатили туристички аранжмани.
Додека грчките туристички работници најавуваа дека нивните летувалишта прво ќе ги отворат за гостите од Балканот, турските хотелијери размислуваат сосема поинаку, пишува новости.рс.
Тие веќе ги информирале српските агенции деќа ќе ги избркаат од хотелите сите настинати гости. Имено, тамошните рецепционери веќе имаат инструкции, доколку се посомневаат дека некој од гостите има симптоми на ковид-19 веднаш да повикаат доктор и по прегледот под итно туристот со маска да биде испратен во болница.
Ваквото соопштение кое никако не асоцира на одмор, дел од турските хотелиери веќе им ги испратиле на своите партнери во Србија кои како аванс на веќе уплатиле повеќе од 4.5 милиони евра на агенциите во Турција и Грција.
Голем проблем при летувањето е и патничкото осигурување кое не ги покрива трошоците за евентуалното лекување од коронавирусот.
Инаку, дел од туристите кои веќе имаат уплатено за одмор стравуваат во меѓувреме да не поскапат аранжманите, а и дали тие ќе се реализираат, ако се земе в предвед дека во грчките хотели најголем дел од вработените (келнери, собарки, готвачи) се од Албанија, Бугарија и Романија.