Педијатарот од неаполската болница „Сантобуоно“, Виченцо Типо, предупредува дека во последно време расте бројот на деца под 15-годишна возраст кои биле заразени со Ковид-19, пренесува „fanpage.it“.
Педијатарот вели дека половина од заразените деца се на возраст до три месеци.
Лекарите утврдиле дека мајките не се позитивни на коронавирусот, па заклучиле дека децата најверојатно биле заразени од роднини и пријатели, односно лице надвор од потесниот круг на семејството, кое дошло да ги види бебињата, гушкајќи ги, бакнувајќи или откако ги земале во рацете.
Симптомите кои се јавуваат кај деца заразени со Ковид-19 вклучуваат треска, губење на апетит, раздразливост, дијареја и поблаги респираторни проблеми.
„Децата се многу ранливи и за време на пандемијата тие треба да бидат заштитени со ограничување, уште подобро целосно да се исклучат посети на семејства со мали деца, забранувајќи им на сите, вклучувајќи ги и таткото, браќата и сестрите, да приоѓаат на новороденчето без маска за лице, да не се дозволува никому да го бакнува бебето, да го допре едвај откако неговите раце се добро измиени и дезинфицирани. Исто така треба да се чува детето во просторија која е тивка и често да се проветрува“, препорачува педијатарот од болницата во Неапол.