Седмоодделенецот кој вчера изврши уби осум деца и чувар, а рани шест ученици и наставник во основно училиште во Белград, на лист хартија ги напишал имињата на учениците кои планирал да ги убие.
Но, како што пишува српски „Информер“, момчето Ѓ. Ш. успеало да го избегне масакрот во неговото основно училиште иако бил на списокот што го направил ученикот Коста К..
– Не знам зошто моето име се најде на списокот и јас се прашувам. Целото училиште ме знае, но јас не го познавав, го знаев само од видување. Познавам некои деца кои беа убиени. На списокот се и моите двајца пријатели, но за среќа не ги застрела. Сите сме многу потресени. Ова е трагедија, изјавил Ѓ. Ш. за Информер.
Како што може да се види од списокот, кој на прес-конференцијата во Владата на Србија го покажа Веселин Милиќ, началникот на белградската полиција, седмоодделенецот прво напишал 16 имиња на ученици.
Од 15-те ученици кои ги запишал и планирал да ги убие, според достапните неофицијални информации, тој убил најмалку тројца од списокот, а ранил уште тројца.