Пред 6 години, Франсија Раиса, пријателка и колешка на Селена Гомез ѝ донираше бубрег на славната пејачка, но девојките оттогаш не се во најдобри односи.
Таткото на Франсија сега тврди дека неговата ќерка влегла во конфликт со Селена бидејќи не престанала да пие откако ѝ го дала својот бубрег.
На прашањето зошто Раиса не се појавува во новиот документарец на Селена, „My Mind & Me“, Ренан Алмендарез Коељо ги потврди долгогодишните гласини дека девојките се искарале.
„Љубовта, парите и славата го менуваат целиот свет, вклучувајќи ја и Селена“, изјавил тој во емисијата „Primer Impacto“.
Водителот потоа го прашал дали нивниот конфликт бил испровоциран од тоа што Селена пие.
„Постои разлика кога Селена пие. Франсија ѝ кажа на Селена дека не ѝ го донирала бубрегот за да може да излегува и да пие алкохол“.
За потсетување, во 2017 година, Раиса ѝ донираше еден од своите бубрези на пејачката која боледува од лупус.
„Нема зборови со кои би ја опишала благодарноста кон мојата убава пријателка Франсија Раиса. Ми го даде најголемиот подарок и жртва донирајќи ми го својот бубрег. Неверојатно сум благословена. Многу те сакам, сестро“, напиша Селена тогаш, споделувајќи заедничка фотографија од болничките кревети.
Раиса одговори на интервјуто така што под објавата на Инстаграм го напиша само зборот „интересно“, а потоа ја избриша.
Од тимот на Селена сè уште не се огласуваат по повод тврдењата на таткото на Раиса.