Претставникот на Велика Британија во Светската здравствена организација Дејвид Набаро ги повика светските лидери да престанат „да го користат карантинот како примарен метод за контрола на корона вирусот“, тврдејќи дека ваквите мерки предизвикуваат сиромаштија.
Карантинот има последица од нешто што не смее да се занемари, а тоа е дека сиромашните стануваат уште посиромашни, предупреди Набаро.
Според медиумите, оваа изјава претставува промена во првобитната позиција на СЗО кон мерките за борба против ковид-19.
“Ние во Светската здравствена организација не се залагаме за карантин како примарна мерка за контрола на вирусот. Погледнете што се случува со нивото на сиромаштија – се чини дека светската сиромаштија може да се зголеми двојно до следната година, изјави д-р Набаро за „Spectator“.
Според него, оправдувањето за карантин постои само во случаи кога е потребно да се „купи време за реорганизација и прегрупирање на ресурсите, како и заштита на здравствените работници“.
Набаро рече дека сега е се поубеден дека карантинот треба да биде последната опција.
Тој исто така повика на нов пристап во спречување на ширењето на вирусот, повикувајќи ги светските лидери да соработуваат и да учат едни од други.