Во време на пандемија на коронавирус кога многумина се надеваат на вакцина, познатиот американски научник Вилијам Хаселтин изјавил дека луѓето не треба да сметаат дека таа наскоро ќе се појави.
Научникот кој работи на истражување поврзано со карцином, ХИВ / СИДА и човечкиот геном, рече дека најдобриот пристап кон пандемијата е да управуваат со болеста со внимателно следење на инфекции и строги мерки за изолација секогаш кога ќе започне да се шири, пишува „Гардијан“.
Вели дека вакцината може да се развие, но тој „нема да смета на тоа“ и ги повика луѓето да носат маски, да ги мијат рацете, да чистат површини и да одржат социјална дистанца.
„Не ги слушајте политичарите кои велат дека ќе имаме вакцина кога ќе започнат нивните избори“, рече тој.
„Можеби ќе имаме, но јас само велам дека не е сигурна работа, затоа што секој пат кога луѓето се обидоа да направат вакцина, на пример за САРС или МАРС – не заштитуваше“.
Вакцините претходно изработени за други видови на коронавирус не успеаја да ја заштитат носната слузница во која обично влегува вирусот во телото, рече тој.
Соединетите држави и другите земји не сториле доволно за да ги присилат луѓето изложени на вирусот да се изолираат, рече Хаселтин, но ги пофали напорите на Кина, Јужна Кореја и Тајван за борба против инфекцијата.