Во недела, од 20 часот, на Канал 5 ќе се емитува пандемиското издание на Златна Бубамара.
Најавата за овогодишната Златна Бубамара ја објави Ранко Петровиќ на својот Фејсбук профил.
-Почитувани прележани, непрележани и повеќекратно тестирани граѓани на Република Македонија, пред нас е најновото вонредно пандемиско издание на Златна Бубамара на популарноста. Не ви треба ни карта, ни маска, ни брис, ни ковид-пасош, ни ПЦР тест, само фотелја и добра желба. Ако сте политичар не ви треба желба, само фотелја и нов тросед.