Дијана Ѓоковиќ (57), мајката на најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ изјавила дека не верувала во тоа дека нејзиниот син ќе се ожени со сегашната сопруга Јелена, па признала дека во една одлука не ја поддржува.
Во изјава за „Блиц“, рекла дека Јелена презела некои работи во свои раце, но дека не се согласува со исхраната која Новак ја практикува.
– Како млад човек кој се занимава со тенис немаше време за забава. Беше повеќе на пат отколку дома. Ја запознав неговата девојка која беше одбојкарка од Краљево. Беа деца. Подоцна ја запознав и Јелена, кога имаа 18 години не мислев дека ќе се венчаат. Но, ете, го поби моето мислење и се ожени со неа – рекла Дијана, додавајќи.
-Нормално и природно е тоа што Јелена презеде некои работи во свои раце. Не би било добро јас да се мешам. За жал, тие ретко доаѓаат, создадоа семејство и оаза, а Јелена некои работи ги прави на свој начин. Доаѓа до недоразбирања, особено во врска со исхраната, коишто не ги поддржувам, – признала Дијана Ѓоковиќ.
Новак ја променил исхраната пред шест години, а дотогаш јадел месо дури три пати дневно. Во меѓувреме по стапките на сопругата станал веган, иако своите пријатели ги повикува на скара, тој секогаш подготвува салата, компири или некој друг зеленчук.
Новак и Јелена се запознале во 2005 година на тениски турнир во Белград кога Ѓоковиќ имал 17 години, а се венчале девет години подоцна. Во бракот ги добија ќерката Тара и синот Стефан.