Во гостување на Сител, д-р Никола Пановски рече дека есенскиот бран на ковид-19 кај нас започнал малку порано од предвиденото, а како причина ги наведе бројните собиранки.
-Кај нас почна малку порано есенскиот бран бидејќи времето беше релативно топло. Ова се случаи кои се пред една недела, а веќе две недели имаме голем број на случаи. Прерано почна заради тие собирања, официјално лице кажа дека имало 1.000 свадби во Скопје, плус и концертите. Летоска луѓето беа надвор одеа по плажи, корзата беа полни, не носеа маски немаше никаква експлозија од корона. Јасно е каде е главниот пренос на ковид- во јавниот превоз и децата одат во школо ги носат во градинка, не можам да верувам дека нема мерка за 50 проценти во автобусите и од 50 луѓе барем тројца не носат маска, – вели Пановски.
Tој лично, не би влегол во автобус и да има 15 луѓе со маски, би барал сите прозори да бидат отворени за да биде сигурен на вакви мали простори каде се шират аеросоли.
Пановски вели дека мерките до сега се одлични, треба да се носи маска и тоа е научно докажано и исправно.
– На СЗО и требаше да ги прифати мерките дури во јуни што е голем скандал. Преку аеросоли е главното ширење на болеста, во комбиња, автобуси, затворен простор, на работа 90 отсто кога се оди на пушење цигари и на тој начин се шири болеста,- посочи Пановски.
Тој смета дека треба да се воведе полициски час, бидејќи младите сакале нејќеле ја носат болеста дома.
-Веќе месец дена се собираат во затворени простории и затоа букнува болеста.Секаде кај што се почитуваат протоколите и кај што има логика.Треба да се почитуваат мерките, за карантини и затворање на ресторани, треба многу пари, тоа Кина може да го направи, – посочува д-р Пановски и додаде:
-Светот е решен со разни мерки да спаси да умрат барем 2 три милиони и ги предложил овие мерки. Некои немаат логика не можеме да ги разбереме меѓутоа основните мерки треба да ги почитуваме. Не се лицитира со бројки, но во првите две години би умреле 2.000-3000 и да спасиме 20.000 луѓе. Најтешките три месеци се пред нас, – рече Пановски.