Моника Белучи на 12 ноември ќе игра во претставата „Maria Callas, Lettres et Memoires“ во Париз.
Важна актерска задача е пред италијанската дива која во Париз се појавила во црно-бела модна комбинација. Спојот на класичните бои одлично ѝ прилега на Моника Белучи чиј моден вкус многу се критикува.
Тоа што никогаш не било предмет на критики е нејзината несекојдневна убавина. Фотографите ја фотографирале италијанска дива и направиле докази дека нејзиното лице е навистина совршено.
Тоа што е најважно е фактот што Моника и на 58-годишна возраст е поборник на природна убавина. Нејзе не ѝ пречат брчките ниту пак сè останато што времето ѝ го носи на секоја една жена, а што никако не ја намалува нејзината убавина.
Фаталната бринета Моника Белучи е пример дека годините не се ограничување на женската убавина. Таа и денес е една од најубавите познати дами, а на таа листа се наоѓаат и имиња кои штотуку зачекорија на јавната сцена.