За познатата бразилска манекенка Изабел Гулар велат дека е жена со совршено, извајано тело, а тоа го докажа и со најновите фотографии на кои и во својата четврта деценија oд животот речиси ништо не крие.
Таа неодамна ја воодушеви јавноста на црвениот тепих на 77-то издание на филмскиот фестивал во Кан, кога се појави во тесен кафеав фустан со геометриски шари.
Познатата манекенка, која се вбројува меѓу најубавите жени во светот, а тоа го постигнува благодарение на големата посветеност на тренинзите и здравиот начин на живот, може без проблем совршено да го облече еден од најпровокативните фустани кој остава малку на имагинацијата.
Сината лелеава креација под која се гледало сè и која ги откривала градите на Изабел е вистинско уживање за сите сетила, а таа вешто позирала во неа на јахта.