Aмериканка 68 години го чекала својот сопруг, кој исчезнал 6 недели по венчавката. Поминало многу време додека да дознае што се случило со него.
Во 1944. година, Пеги Харис од Тексас се омажила за своето момче Били. Потоа Били бил повикан во војска како пилот за да се бори во Нормандија. Но, таа никогаш не добила телеграма. Пеги прво добила писмо во кое пишувало дека е убиен и закопан. После тоа следело писмо дека е погребан на нови гробишта, а потоа дека можеби тоа воопшто не се негови посмртни останки.
„На сите им пишав и барав каква било информација за мојот сопруг. Последен пат му пишав на конгресменот во 2005 година. Добив одговор дека уште го нема“, се присетува Пеги.
Нивниот роднина имал пристап до воените досиеја и конечно го нашол. Неколку војници кои се водат за исчезнати се погребани во Франција, во Нормандија. Потоа Пеги почнала да му испраќа цвеќе на гробот 10 пати годишно.
„За неговиот роденден, годишнината од бракот, Божиќ и некои други важни датуми за нас. Кога луѓето размислуваат за крајот, сфаќаат дека вакво нешто не поминале“, вели Пеги.
Во малото нормандиско село Ла Вент, постои улица Били Харис, каде во последните 60. години трипати годишно се организира прошетка во негова чест!
Причина за тоа е падот на неговиот авион кој се урнал веднаш до ова место, додека тој успеал да одржи доволно контрола да не удри во селото и на тој начин да избегне цивилни жртви. Неговото тело е пренесено на американските гробишта, а народот го смета за херој.