Рита Ора неодамна присуствуваше на роденденската забава на Вас Џеј Морган во луксузен ресторан во Лондон. За таа прилика Рита донесе крајно необична креација која наликува на рибарска мрежа, но во беж боја, а нејзината долна облека беше видлива за пошироката јавност.
Таа открила и голем број тетоважи на грбот, а косата ја сокри под качулка. Долгиот фустан што го носела имал дупчиња и бил целосно проѕирен и ја откривал нејзината црна долна облека.
Својот изглед го комплетирала со големи сребрени прстени и алки и лак со сребрени детали. Имала црни чизми на нозете.
Објавата на пејачката привлече бројни следбеници кои и дадоа комплименти за нејзиниот изглед.
Потсетуваме, Рита на почетокот на август тајно се омажи за својот партнер, режисерот Таика Ваитити. Двојката се венча на интимна церемонија во Лондон.