Кејтлин Палмиери требало да се венча со нејзиниот вереник Ерик во август 2020 година. Меѓутоа, на денот на венчавката, рано наутро, Ерик ненадејно починал.
Кејтлин тогаш имала 35 години и била сигурна дека ненадејниот срцев удар ѝ ја одзел љубовта на нејзиниот живот на 33-годишна возраст. Тагата и болката биле ужасни, а потоа се придружил и бесот како трето чувство кога открила голема тајна за човекот за кој мислела дека е „оној вистинскиот“.
На 20-ти ноември 2023 година требало да биде неговиот 37-ми роденден, а тогаш дознала дека Ерик ја изневерувал повеќе од една година пред неговата смрт.
„Сакав да експлодирам од гнев. Се чувствував како да сум заробена емотивно и не можам никаде да побегнам. Него го немаше, прашањата остануваат неодговорени, а мојот гнев останува закопан во мене. Очајно сакав некој да ми каже дека тоа не е вистина. Но, длабоко во себе знаев дека е. Сакав да експлодирам од гнев“, изјавила Кејтлин за „NYPost“.
На социјалните мрежи, Кејтлин наишла на необична објава посветена на нејзиниот покоен вереник. Отпрвин не размислувала многу за нечие оддавање почит кон нејзиниот вереник, но „срцето не ѝ давало мир“.
Најпрвин мислела дека тоа е случајност – дека и двете жени патат по нивните покојни партнери, по име Ерик, кои сосема случајно го делат истиот роденден. Сепак, помислата на тоа не ѝ давала мир. Ја контактирала таа жена и дознала дека повеќе од една година го делеле истиот партнер.
Анонимната љубовница ѝ ги испратила сите фотографии и видеа кои ги имала со Ерик.
„Последните пораки кои ги разменувале беа одвратни, сексуални пораки. Ерик ѝ ги испратил 7 дена пред нашата венчавка“, открила таа.
„Плачев првите неколку дена. Едноставно не може да се негира неговото патолошко, нарцисоидно однесување. Не можев да се погледнам во огледало, ниту да ги погледнам родителите во очи. Тие во своите доцни 70-ти години од животот толку се залагаа за нас и нашиот заеднички живот“, навела Кејтлин.
Знаејќи ги сите валкани работи кои ги криел од неа, Кејтлин се иселила од нивниот заеднички стан и се вратила кај нејзините родители, кои ѝ помогнале да се избори со депресијата, анксиозноста и посттрауматското стресно растројство кои ги претрпела откако го открила неверството на својот некогаш драг вереник.
„Изгубив сè, дури и оние убави спомени на него и на нас почнаа да исчезнуваат. Тоа е негова вина. Имам секакво право да бидам лута, толку колку што чувствувам дека треба“, заклучила таа.