Последните денови една од главните теми во Србија е пописот на вработените во тамошната пошта и тие кои имаат само фиктивни договори и примаат плата. Како што пренесуваат тамошните медиуми, на платниот список на Пошта Србија биле и имињата на пејачот Жељко Самарџиќ, пејачката Јами, старлетата Тијана Ајфон, како и познатиот глумец Бранк Миличевиќ – Коцкица. Тие земале плата а воопшто не оделе на работа.
Откако се прошири информацијата вработените протестирале со слики од Жељко Самарџиќ, а ја пеела познатата песна на Бранко Коцкица “ У свету постои једно царство“.
Инаку, ќерка му на Ѓорѓе Балашевиќ, особено била разочарана од Коцкица, па на Твитер напиша:
“Мислам дека ќе умрам од срам да сум Бранко Коцкица“.
https://twitter.com/i/status/1205115261839392768