Била нарачана и свадбената торта, кога пропадна планот на Линда Хенон да се омажи за Елтон Џон. Тој ја остави неколку дена пред венчавката. Линда веднаш знаела дека тоа се случило бидејќи Елтон бил геј. Живеела во илузии дека тој ја сака како жена.
-Бевме на само еден месец до венчавката, кога пијан ме разбуди и ми рече дека откажува се. Си замина, а многу го сакав – вели Линда која сега има 75 години, разведена е мајка на три деца, и има лекарска ординација во Тексас.
Линда дури сега сватила дека имало знаци дека нешто не е во ред, бидејќи само еден месец пред венчавката Елтон се обидел да се самоубие. Таа го нашла во кујната каде се обидел да се загуши со гас. Пејачот тогаш рекол дека тоа го сторил оти кариерата му се движела споро, а всушност, сакал да ја скрие својата хомосексуалност.
-Јас мислев дека сме среќни. Живеевме скромно, еден период дури изнајмувавме мебел и сегде одевме со автобус – вели Линда која уште го чува вереничкиот прстен.
Инаку, во 2004 година Елтон Џон се венчаше со својот партнер Дејвид Фурниш, а двојката посвои две деца.