Малолетник и 32 годишен маж се повредени во несреќен случај кој вчера попладне се случил на скијачките патеки на Попова Шапка.
„Вчера во 16.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на скијачките патеки на Попова Шапка, малолетник од Косово додека скијал, удрил во моторна санка што ја управувал А.Н.(32) од тетовско, вработен во фирмата што стопанисува со скијачкиот центар. Притоа, двете лица се здобиле со повреди и биле пренесени во Клиничката болница Тетово за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, изјавил за МКД.мк Марјан Јосифовски, задолжен за односи со јавноста во СВР Тетово.