Несреќа во Хрватска: Бегале од полицијата и се забиле во ѕид, четворица мртви, меѓу кои и едно дете

by Тони Зографски

Тешка сообраќајна несреќа се случила утринава околу 7 часот во местото Брнаже кај Сињ. Четири лица загинаа при излетување на патничко возило од коловозот, кое потоа удрило во ѕид. Останатите лица кои се наоѓале во возилото, кое било со камп приколка, се пренесени во болница.

„Според првите информации загинатите најверојатно се мигранти“, информираат од сплитско-далматинската полиција.

Сообраќајната несреќа се случила по полициска потера од Триљ до Брназ, каде патнички автомобил со унгарска регистрација поради пребрзо возење удрил во ѕид од семејна куќа, пишува Dalmacija news.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com