31-годишната Маја Ш. загина во во судир на мала јахта и чамец во водите во Будва. Во несреќата повреден и Владан Станишиќ, кој бил во чамецот со жртвата.
Поради сомневање дека додека управувал со јахтата, тој нанел сериозна несреќа во вода, полицијата во Будва го уапси седумнаесетгодишниот М.С.
Несреќата се случила вчера околу 14 часот, на морето помеѓу плажата Могрен и островот Свети Никола.
Според информациите од „Вијести“ од полициската управа, обвинителството го товари малолетничкот дека извршил сериозно кривично дело против безбедноста во сообраќајот во врска со кривичното дело предизвикување општа опасност.
Извор од истрагата рекол дека јахтата преминала преку чамецот и го преполовила, по што тој потонал.
„По судирот повредениот Станишиќ се обидел да ја спаси триесет и едногодишната Маја, но таа почина на лице место“, рекол соговорникот.