По одлуката на Меган Маркл и на принцот Хари да живеат во Канада, војвотката од Сасекс добива разни понуди за работа.
Една од нив, што привлекува најголемо внимание на јавноста, е таа што Меган ја доби од платформата за порнографска содржина „Јупорн“ (YouPorn). Сепак, не станува збор за понуда поранешната актерка да се врати пред камерите, туку да ја добие функцијата на директорка на специјални иницијативи на компанијата, што во пракса ќе значи дека Меган ќе има задолженија во добротворни цели.
Шефовите од таа страница за возрасни велат дека Меган Маркл би била совршена за таа положба затоа што сигурно би пронашла креативни решенија, а потпретседателот Харли Хуџенс вели:
„Докажавте дека личност која нуди различни креативни решенија и интересни начини за истите би го направиле светот подобро место за живеење. Поради тоа сте совршени за оваа позиција“.
Меѓу задолженијата што ќе ги има на оваа позиција, војвотката ќе треба да оформи и да предводи повеќе дициплинарен комитет, којшто ќе и помага да почне и да спроведува иницијативи за солидарност што компанијата планира да ги промовира во блиска иднина.
Тие не кажуваат колкава би била годишната плата на Меган, ниту колку часа ќе треба да работи, но секако го очекуваат нејзиниот одговор.
Инаку, интересно е што Меган и Хари го отпуштија целиот перснал во палатата каде живееле. Само двајца вработени, управителот на куќата и една домашна помошничка се преместени внатре во кралското семејство, додека сите останати, меѓу кои и готвачите, домашните помшнички биле известени дека повеќе нема да работат.