Моника Белучи се најде на насловната страница на францускиот магазин „Madame Figaro“, а нејзината трансформација за потребите на снимањето на едиторијалот привлече значително внимание бидејќи актерката ја замени препознатливата темна коса со плава.
Инаку, целото сликање е инспирирано од култниот филм „La dolce Vita“. Моника требаше да потсетува на легендарната Анита Екберг, која го толкуваше ликот на Силвија во споменатиот филм, а инспирација за изгледот на оваа актерка беше култната сцена со влегувањето во Фонтаната ди Треви.