Боса и со марама околу главата, една од најубавите, но и најинтелигентните жени на светот за многумина практично беше непрепознатлива!
Џина Дејвис (65) е една од најпаметните и најубавите жени на светот, а овие денови папараците имаа ретка можност да ја фотографираат токму во времето кога се планира прослава за три децении од премиерата на класиката „Телма и Луиз“, каде глумеше со Сузан Сарандон.
Џина зад себе има блескава 40-годишна кариера, а мајка е и на три деца. Многупати била критикувана затоа што доби деца во подоцнежните години – ја доби ќерката Ализа на 46 години и близнаците Кијан и Каиса кога имала 48 години.
– Мислам дека имам среќа што ги добив толку доцна бидејќи имав многу време да се променам и созревам. Да ги добиев кога бев помлада, ќе бев таа ужасна мајка која постојано се меша во животот на децата – изјави актерката за Гардијан.
За време на интервјуто таа се присети на многу други предрасуди со кои се соочила, меѓу другото и поради нејзината интелигенција и висина.
„Момците не сакаа ниту да ме погледнат. Првпат едно момче ме викна на љубовен состанок дури во трета година средно и тогаш помислив: Тоа е тоа, сега ќе почнам да излегувам. Но, повеќе никој не сакаше со мене да излезе, ниту тоа момче коешто ме покани ниту било кое друго“, се пожалила Џина која средно училиште завршила во Шведска каде нејзината висина била 183 сантиметри и IQ 140.