Пред да го запознае Бенџи Мадена од панк бендот “Good Charlotte“, актерката Камерун Диаз беше миленичка на Холивуд за која воздивнуваа многу мажи. Висока, слаба, плава, откако се омажи во 2015 година, се повлече од актерството и објави две книги за здрав начин на живот.
Камерун (46) воопшто не се оптоварува со изгледот и најмногу може да се види во “кежуал“ издание и без шминка.
Таа беше уловена на шопинг, како влече две огромни кеси, а на себе имаше обична гардероба – влечки, лесна сукња и дебел црн џемпер.
Инаку, Камерун Диаз и Бенџи Мадена ги запозна Никол Ричи која тогаш беше во врска со брат му на Бенџи. Претходно таа беше во врска со Џастин Тимберлејк и Џерард Лето а се шпекулираше, дека тајно се гледала и со Ештон Кучер.