Пред да го запознае Бенџи Мадена од панк бендот “Good Charlotte“, актерката Камерун Диаз беше миленичка на Холивуд за која воздивнуваа многу мажи. Висока, слаба, плава, откако се омажи во 2015 година, се повлече од актерството и објави две книги за здрав начин на живот.
Камерун (46) воопшто не се оптоварува со изгледот и најмногу може да се види во “кежуал“ издание и без шминка.
Таа беше уловена на шопинг во фармерки, моторџиски чизми, и зебраст џемпер со голем шал.
Инаку, Камерун Диаз и Бенџи Мадена ги запозна Никол Ричи која тогаш беше во врска со брат му на Бенџи.