Зеника Ланза на ТикТок сакаше да ја покаже романтичната прослава што нејзиното момче ја приреди додека се подготвуваше да ја замоли да се омажи за него. Сепак, работите не одеа баш според планираното.
Да бидеме реални, предлозите на јавни места, особено на плажите се секогаш ризични. Сега веќе вереникот на Зеника поставил шатор со торта, бел чаршаф и десетици перници. На тортата пишува: „Ќе се омажиш ли за мене?“, а во позадина поставил знак со истите зборови.
Кога клекнал на колено, непозната жена упаднала во нивната снимка за да го извади знакот што паднал. Наместо да замине после тоа, таа продолжува да го прекинува специјалниот момент на парот, па дури се чини дека бара да го погледне прстенот додека парот се прегрнува.
“Како брзо да го уништите запросувањето“, напиша Зеника на TikTok. „Ве молам, внимавајте на вакви работи што им се случуваат на луѓето еднаш во животот. Никогаш не знаете дали сте ги уништиле“, порача тиктокерката.
„Првите неколку секунди може да се припишат на добри намери, но остатокот на лоши манири“, „Ми се гади од гледање на ова“, „Ужас, наместо да замине, постојано се плетка“, се само дел од коментари под видеото кое собрало повеќе од 730.000 прегледи на TikTok.
„