Непозната жена го грабна микрофонот па направи хаос на свадба (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Новопечениот младоженец Ден Фред сподели видео од својата свадба на TikTok, кое стана вирално и „собра“ повеќе од 6,6 милиони прегледи.

Во преден план гледаме мистериозна жена, која „се појави на прославата непоканета“, како што е наведено, а потоа го зграпчи микрофонот и им се обрати на младенците.

„Те научив…“

На почетокот, гостите на свадбата та внимателно слушаат што зборува таа.

„Ден е одличен човек, дарежлив, успешен, згоден – тој има тело од соништата“, започна таа.

Сепак, на присутните наскоро им станува јасно дека ситуацијата не е природна.

„Ќе направам сè за да го заземам местото на твојата избраничка, Каролина. Ден, не ми даде шанса! Те научив сè“, додаде мистериозната жена.

Поделени мислења

Потоа младоженецот изреагира. Тој се приближува до девојката, некако успева да ѝ го грабне микрофонот, додека таа извикува: „Што има таа што јас го немам?! И јас сум Азијка, и можам да ја обојадам косата црна.“

Гостите останаа збунети, како и бројните гледачи кои оставија коментари на TikTok, објавува New York Post.

Некои му советуваа на Ден да го блокира нејзиниот број и да ја отстрани од своите профили, додека други ја жалеа нејзината емоционална состојба. Имаше и такви кои мислеа дека сето тоа е „платена претстава“.

Снимена исповед

На крајот, Ден објави снимка од својата исповед пред свадбената дружина. Тој објасни дека станува збор за актерката Су Ра, со која претходно се договорил да настапи.

Потоа таа доби голем аплауз, а младоженецот додаде дека сакал „да им пружи на гостите сцена што ќе ја паметат засекогаш“.

останати вести