Руската милионерка Валентина Михајловна Несватова (86) која поради повеќекратни скршеници на ногата заврши во инвалидска количка, прошета по само неколку третмани со лековита вода во Прибојска бања.
Една од најуспешните деловни жени во Руската Федерација вели дека со години неуспешно се лекува во најеминентните клиники ширум светот, но дека сигурно сè уште би била неподвижна доколку спасот не го барала во позната бања во југозападна Србија.
Несватова пред неколку години падна и ја скрши ногата на неколку места, а потоа ја скрши и другата нога. Според нејзините зборови, во тоа време имала „лошо извршена операција“ во Русија, по што повеќе не можела да се движи самостојно.