НЕОФИЦИЈАЛНО: Денеска над 120 новозаразени со коронавирус

by Тони Зографски

Според неофицијални информации од Центарот за јавно здравје, изминатото деноноќие се дијагностицирани над 120 новозаразени со коронавирус, пишува Нетпрес.

Речиси 110 позитивни тестови се добиени од ЦЈЗ, а се очекуваат и резултатите од приватните клиники.

Вчера беа потврдени 87 случаи на коронавирус. Вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 3.239, бројката на оздравени пациенти е 1.658, на починати е 157, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.424.

останати вести