Деми Мур неодамна стана баба за првпат, кога нејзината ќерка Румер која ја има од бракот со Брус Вилис, во април го донесе своето прво дете на свет.
Сега гордата мајка и баба за првпат биле фотографирани на прошетка со бебето, а на прв поглед ретко кој би претпоставил дека Деми наполни 60 години во ноември.
На најновите фотографии, двете повеќе делуваат како сестри отколку како мајка и ќерка.
Тајната во беспрекорниот изглед на актерката, која зачекори во 7-та деценија од животот, е во тоа што исклучително води грижа за тоа што внесува во своето тело. Деми практикува строга сирова веганска исхрана, што значи дека јаде само сирова храна од растително потекло која може да се консумира без готвење.