Холивудската глумица Селма Хајек на необичен начин го одбележала 13-от роденден на нејзината ќерка Валентина Палома. Таа објавила стара топлес фотографија на која е бремена.
„Утре, малото бебе што настана во мојата матка официјално станува тинејџер. Растат толку брзо…“, напишала таа под фотографијата за која добила над милион лајкови.
Следбениците во коментарите и го честитале роденденот на Валентина и го пофалиле изгледот на Селма.
Инаку, Селма Хајек и францускиот милијардер Франсоа Анри Пино, Валентина ја добија во 2007 година, а се венчаа две години подоцна.