Брендот “Funky Guerrilla“ од Босна и Херцеговина со порака го привлече вниманието на следбеницита на фејсбук страница на британскиот состав “Спајс Грлс“ кој се враќа на музичката сцена.
“ Хеј, “Спајс Грлс“, ние сме општествено одговорна компанија од Босна и Херцеговина и би сакале да ги креираме вашите маици, оти тоа е најдоброто што го знаеме да го правиме. Ви гарантираме дека нема да ве боли глава ако не ангажирате. А и само неколку држави сме одалечени од вас. Јавите ни се да ни кажете што мислите“ е напишано во пораката на Фејсбук која привлече големо внимание.
Повод за ваква објава е текстот што пред неколку дена излезе во “Гардиан“, дека маиците на “Спајс Грлс“ се изработуваат во мала фабрика во Бангладеш, каде жените работат за само 35 пени на час.
“Спајс девојките” истакнаа дека секогаш се бореле да ги почитуваат човековите права. Сепак, жените од чии раце излегоа маиците немаат нормални работни услови и многу од нивните права се прекршени.
Инаку, маиците се продаваат по цена од 19,40 фунти.