Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, почина синоќа во болницата Свети Дух во Загреб, пренесува „Јутарњи лист“.
Според информациите од хрватските медиуми, на Бандиќ му се слошило доцна вечерта, па брзата помош го пренела во болницата Свети Дух. Докторите не успеале да му го спасат животот на Бандиќ, кој бил примен со влошена здравствена состојба, откако доживеал срцев удар.
Како што пишуваат хрватските медиуми, ниту реанимација не помогнала по што срцето 66 годишниот Бандиќ престанало да чука.
Политичарот подолго време се соочувал со сериозни здравствени проблеми, пишува хрватски Индекс. Во 2003 година преживеал тежок мозочен удар, додека во 2018 година му бил вграден стент. Дијагностицирана му била и белодробна емболија, а му биле извршени и неколку операции, последната, лани, на гласните жици.
Со шесте градоначалнички мандата зад себе, Милан Бандиќ заминува како политичар кој цели 20 години беше на челната позиција во Загреб. Контроверзниот Бандиќ дури двапати во текот на својата градоначалничка кариера бил во притвор како осомничен за финансиски малверзации.