Машинскиот инженер Хозе Виктор Флах ја расплака својата избраничка Синтија пред олтарот, а видеото го обиколи светот.
За време на церемонијата во бразилскиот град Касиљас до Сул се појавија гости за изненадување, а невестата не можеше да ги сокрие солзите, објави Дејли Мејл.
Синтија, логопед, се свртела и ги видела своите ученици, деца со Даунов синдром, како ги носат бурмите.
Неколку помлади ученици „возеа“ мини кабриолет на црвениот тепих.
Лицето на Хозе се осветли, а невестата ја обзедоа емоции. Во тој момент беше јасно колку љубов има кон своите ученици.
На чело одеше елегантно облечено момче кое ја држеше за рака соученичка, која беше облечена во фустан за деверуша.
“Ја сакам мојата професија и среќна сум што успеав да ги видам на овој ден. Емоциите ме обземаа и мислев дека нема да ми издржи срцето”, изјави Синтија.
Младенците се поздравија со најмалите гости, а Синтија на Инстаграм сподели видео кое стана вирално.
Хозе планирал изненадување пред венчавката и можеме да видиме како блеска покрај својата избраничка.
„Среќен сум што можам да им помогнам да имаат подобар живот. Верувам дека секој човек има потенцијал“, заврши Синтија.
https://twitter.com/i/status/1767111252432536000