Нинослав Јовановиќ, познат како Малчански Барбер, беше уапсен попладнево на локалните гробишта во Малча. Тој бил забележан денеска на околу 200 метри од својата куќа во Малча, каде живее со родителите, дознава српски Курир. Го забележал соседот, кој има околу 70 години, бидејќи видел дека некој претрчал низ дворот, како и дека се отворила вратата од подрумот.
Како што наведува изворот на Курир, тој излегол со жената да провери кој бил во нивниот двор, а со тоа го уплашиле Јовановиќ, кој ја прерипал оградата, иако вратата од дворот била отклучена.
Тој тргнал во правец на својата куќа, но поминал зад неа и се упатил кон гробиштата. Тука се здобил со гребнатинки на лицето, кои ги имал за време на апсењето.
Кога стигнал кај гробиштата, како што неофицијално дознава Курир, тој се сокрил зад еден споменик. Кога полицијата стигнала на гробиштата, тој ја слушнал и почнал да бега.
Полицијата го стигнала, го соборила на земјата, а првата работа која ја рекол била „немојте да ме тепате!“, вели изворот на Курир.
Тој потоа открил дека девет дена не јадел, па полицијата претпоставила дека последен пат јадел со киднапираната Моника, кога на гробиштата пронашле бомбони.
Инаку, Роберт Каримановиќ, татко на Моника Каримановиќ, девојкчето киднапирано од Нинослав Јовановиќ на 20. декември, изјавил дека е среќен што агонијата конечно завршила после 17 дена.
„Благодарност до сите кои соработуваа и придонесоа за апсењето на овој монструм. И покрај тоа што беа во болница, ќерката и жената се плашеа, но оваа вест ги направи среќни. И јас сум многу среќен и задоволен“, вели Роберт.
Таткото на Моника, на прашањето колкава затворска казна би му дал на берберот, одговорил:
„Да бев судија, нормално би му изречел максимална казна. Не знам колку е тоа, но мислам дека се 40. години според новиот закон“, заклучил Роберт Каримановиќ.
(фото: курир.рс)