По тајната венчавка во февруари во Италија, супермоделот Хајди Клум (46) и нејзиниот избраник, гитаристот Том Каулитц (29) вчера направија свадба во монденското летувалиште Капри. На свадбата присуствувале и сите деца на Клум, а имало и забава на јахта.
Таа на себе имала бел фустан од чипка и била боса, а Том носел сина кошула и темнозелено сако. Нивни блиски пријатели велат дека изгледале среќно и весело. Пиеле многу шампањ и уживале во италијанските специјалитети. Во еден момент Том неможел да се воздржи па ја зграбил за газето Хајди.
Претходно Том ја побара Хајди за своја жена со голем дијамантски прстен, опкружен со уште два помали.