Албанскиот премиер Еди Рама денес изјави дека нема да им се наметнуваат посебни услови или пречки на оние кои годинава сакаат да летуваат во Албанија.
Рама на прес-конференцијата рече дека влезот во земјата за сите кои сакаат да го поминат летото во Албанија ќе биде полесен отколку минатата година и дека на туристите нема да им биде потребен сертификат за вакцинација против коронавирус, пренесува „Албаниан дејли њуз“.
Резервациите за летни одмори во Албанија постојано се зголемуваат, вели Рама.
– Од епидемиолошка гледна точка сме во поволна состојба. Продолжуваме со вакцинација со брзо темпо. Нашата цел е милион вакцинирани – изјави Рама.