Дали можете да си замислите да не спиете три дена или цела недела? Овој човек тврди дека нема спиено 60 години!
Тоа звучи речиси невозможно, но Тај Нгок (80), фармер од Виетнам, тврди дека не спиел шест децении.
Драматичната промена во неговиот живот се случила во 1962 година за време на Виетнамската војна. Тој еден ден се разбудил и никогаш веќе не можел да заспие.
Познатиот јутјубер Дру Бински го посетил Нгок пред неколку месеци и го објавил интервјуто со него. Тој сакал да знае како фармерот го поминува своето време.
„Патував до мало село на југот од Виетнам за да го најдам, да поминам една вечер со него и да видам дали спие“, објаснил тој.
Фармерот нагласил дека не ја знае причината за повеќедецениската несоница. Тврди дека одел на лекари, но тие немале објаснување.
Одвреме-навреме, Нгок пие малку повеќе оризово вино за да го „исклучи“ мозокот. Се случува да задреме час или два, но тоа е тоа.
Тој секоја вечер легнува во кревет, но едноставно сонот не го совладува. И додека другите спијат, тој го поминува времето во работа и правење вино.
Нгок во интервјуто им се обраќа на луѓето да му помогнат доколку мислат дека имаат решение. Јутјуберот смета дека неговата состојба можеби е последица на шокот што го доживеал во времето на Виетнамската војна.
Се покренале лавина коментари на оваа тема, во кои луѓето се обидувале да утврдат што се случува со овој човек, а еден од нив напишал:
„Фасцинантно е тоа што може нормално да функционира без сон. Дури и ако спие неколку минути или 2 часа, тоа, секако, не е доволно за нормален возрасен човек. Телото би се исцрпело и би чувствувале константни вртоглавици. Тоа е неверојатно и тажно истовремено. Можеби сте во право, војната го направила ваков, а фактот што тој сѐ уште не сака да каже зошто е многу трогателен. Којзнае што доживеал кутриот, тој заслужува цврсто да спие и да одмора, особено во негови години“, заклучил човекот.
Други додале:
„Измерено по часови на будност, ова е најстариот човек на планетата, бидејќи живеел повеќе од кој било друг на светот“.