Шведскиот трговски ланец за продажба на мебел Икеа започнува со нова бизнис- политика, според која, нема да врши само продажба на мебел туку и ќе го изнајмува.
Уште од овој месец Икеа оваа практика ќе ја спроведе во Швајцарија. Ќе се позајмуваат различни парчиња на мебел, а прво ќе се започне со изнајмување на канцеларски мебел.
“ Ќе соработуваме со партнерите околу изнајмување на мебел. Кога ќе истече перидот на изнајмување, мебелот може да се врати да се изнајми друго парче“, изјавил извршниот директор на Икеа, Торбјорн Лоф.