Нема да има промени во сметањето на времето, односно ноќта меѓу 29 и 30 октомври граѓаните во земјава повторно ќе треба да ги поместат стрелките на часовниците за еден час наназад, објави „360 степени“.
„Нема промена во системот на сметање на времето“, одговориле од Владата за „360 степени“, а деталите ќе бидат споделени во соопштение по владина седница
Можноста за задржување на летното сметање на времето од „Илинденска“ бр. 2 дојде на почетокот на месецов, а задача од Владата да ја разгледа ваквата можност и да ги подготви потребни анализи и документи доби Министерството за економија.
Анализите, како што беше најавено од министерот за економија Крешник Бектеши, требаше да бидат готови пред две недели, но тоа не се случи.