Приватен авион од моделот „Challenger 601 “, на канадскиот производител „ Bombardier Inc„ се урнал во планинскиот регион над градот Монклова, во мексиканската држава Коауила. Во авионот кој исчезнал на летот од Лас Вегас до Монтереј во северно Мексико, имало 13 патници и членови на екипажот и дека нема преживеани.
Мексиканските медиуми објавија дека патниците во саботата го гледале боксерскиот меч меѓу Саул „Канела“ Алварез и Даниел Џејкобс во Лас Вегас и летал кон Монтереј, во сојузната мексиканска држава Ноево Леон.
Имињата на екипажот и патниците се објавени во локалните медиуми.