Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 1.365 тестови, а регистрирани се нови 494 случаи на КОВИД-19: Скопје – 251, Битола и Охрид – по 38, Куманово и Велес – по 23, Тетово – 19, Прилеп – 17, Кавадарци – 11, Гостивар – 10, Гевгелија – 8, Кочани – 7, Струга – 6, Штип и Крива Паланка – по 5, Струмица, Неготино и Радовиш – по 4, Ресен, Свети Николе и Кратово – по 3, Делчево, Берово, Валандово, Виница и Пробиштип – по 2, Кичево и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (494), регистрирани се 105 реинфекции.
Регистрирани сe 276 оздравени пациенти од: Скопје – 159, Куманово – 22, Битола -19, Кавадарци – 11, Велес и Струмица – по 8, Охрид, Тетово и Гостивар – по 7, Штип – 5, Прилеп – 4, Кочани и Радовиш – по 3, Кичево, Ресен, Валандово, Демир Хисра и Дојран – по 2, Гевгелија, Неготино и Кратово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.