Нема починати, 15 нови случаи на Ковид-19

by Marjan Velevski

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.802 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на Ковид-19: Кичево – 5, Скопје – 4, Тетово – 3, Прилеп, Охрид и Делчево – по 1.

Регистрирани се 14 оздравени пациенти од: Скопје – 11, Куманово, Гостивар и Кичево – по 1.

Не се регистрирани нови починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 841.125 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.583, бројката на оздравени пациенти е 149.690, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 421.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com